сабота, 19 октомври 2024
НБА

Јокиќ со брутална партија ѝ стави крај на историската серија на Бостон (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Џамал Мареј го предводеа Денвер до победа од 100-102 на гостувањето кај Бостон, и ја прекинаа серијата на „селтикс“ од 27 последователни победи на домашен терен.

Објавено на

часот

Сподели

Бостон оваа сезона имаше 20 од 20 на домашен терен, ако се земе во предвид и завршницата од минатата сезона, „селтикс“ имаа низа од 27 победи во „ТД Гарден“.

Но на оваа историска серија и дојде крајот утрово, Никола Јокиќ и Џамал Мареј го предводеа Денвер до триумф на гостувањето кај Бостон од 100-102.

Србинот имаше брутална партија, постигна 34 поени, забележа 12 скока и девет асистенции за дабл-дабл учинок. Џамал Мареј пак мечот го заврши со 35 поени.

На гостински триумф се радуваше и Феникс, кој славеше со 109-123 кај Њу Орлеанс, мечот го одбележа Девин Букер, кој постигна фантастични 52 поени.

Резултати:

Шарлот – Сан Антонио 124-120
Орландо – Филаделфија 109-124
Бостон – Денвер 100-102
Мајами – Атланта 108-109
Њу Орлеанс – Феникс 109-123
Портланд – Индијана 118-115
ЛА Лејкерс – Бруклин 112-130

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ