Како што соопшти oбвинителството, основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои осомничениот преземал дејствија на полово задоволување на јавно место во повеќе наврати.
„Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор на осомничениот“, се вели во соопштението.