вторник, 22 октомври 2024
Реакции по усвојувањето на нацрт-предлогот за уставни измени е една година од првата меѓувладина кенференција

Јавната дебата е многу важна, да се искористи моментот Македонија да не остане во чекалната на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Само со изгласување на уставните измени нема повторно да заглавиме во чекалната и во изолации и само на тој начин ќе ја оствариме целта, Македонија во ЕУ до 2030 година. На истекот на првата година од почетокот на преговорите изразувам благодарност до нашите европски сојузници за целата поддршка која ја добиваме и за тоа што јасно ни порачуваат дека вратата за проширување на ЕУ е ширум отворена, а тоа за македонската иднина е ретка можност која не е за пропуштање, напиша Маричиќ на Фејсбук по повод една година од одржувањето на првата меѓувладина конференција.

„На неколку месеци пред завршувањето на скрининг фазата од преговорите ги имаме сите потребни капацитети за отворање на поглавјата и за влез во новите процеси од нашата европска интеграција“, вели Маричиќ.

За тој чекор, дополнува Маричиќ, неопходни се одговорни одлуки од пратениците изразени низ потребните уставни надополнувања.

„Само на тој начин нема повторно да заглавиме во чекалната и во изолации и само на тој начин ќе ја оствариме целта – МК во ЕУ до 2030 година. На истекот на првата година од почетокот на преговорите изразувам благодарност до нашите европски сојузници за целата поддршка која ја добиваме и за тоа што јасно ни порачуваат дека вратата за проширување на ЕУ е ширум отворена, а тоа за македонската иднина е ретка можност која не е за пропуштање“, напиша Маричиќ на Фејсбук.

На фејсбук се огласи и Османи.

Една година од отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Никогаш не се поколебавме во европската иднина на нашата држава. Покажуваме високо ниво на подготвеност на нашата администрација во рамки на скрининг процесот, објави на официјалната Фејсбук страница шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Османи додава дека „посветено, во континуитет, работиме за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон полноправното членство во ЕУ“.

„Уверени дека актуелниот моментум, да бидеме на брзата патека кон ЕУ, не смее да се пропушти. Ни претстојат уште неколку месеци за да се подготвиме за отворањето на кластерите и поглавјата и да го продолжиме преговарачкиот процес. Клучот е кај нас, потребно е сите да покажеме политичка одговорност, зрелост и одговорност кон сегашноста и иднината на земјата“, напиша Османи.

Секако како ЕУ секогаш сме велеле дека е многу важно да се има јавна дебата поврзана со уставните измени и се разбира дека тоа што се случи со усвојувањето на текстот за уставните измени во самата Влада, го поздравуваме ние, како ЕУ. Се разбира по што следи, значи самиот процес во Собранието на вашата земја, меѓутоа би сакал исто така да потенцирам дека прашањето во врска со уставните амандмани, тоа е суверена одлука на вашата земја, тоа е прашање коешто треба да го адресира вашата земја, рече евроамбасадорот Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање какви се очекувањата на ЕУ од почнувањето на процесот на уставните измени при денешната посета на Радовиш.

Според него, пратениците во Собранието кога ќе ги разгледуват предлозите, односно текстот на уставните измени, секогаш пред нив да го имаат националниот интерес на државата и секогаш на ум да ја имаат европската иднина на земјата.

Претходно денеска свој став изнесоа и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ