вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Јаревски: Дали Пајазити беше курирот на Ахмети и го овозможи бегството на Рамадани?

„Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото? Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес?“, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски од прес-конференција во партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје. Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди.

За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир? Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот? СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ?

Очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити. Институциите  треба да постапат и тој да биде разрешен“, рече Јаревски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ