сабота, 19 октомври 2024

Јапонски старт-ап развива робот од популарен цртан филм. Ќе чини три милиони долари

Старт-ап индустријата Субаме од Токио развива робот на четири тркала висок четири и пол метри кој изгледа како лик од популарната јапонска анимирана серија Гундам, а чини три милиони долари.

Објавено на

часот

Сподели

Наречен Архакс по летечкиот диносаурус археоптерикс, роботот има монитори во кокпитот кои примаат слики од камерите прикачени однадвор, така што пилотот може да ги контролира рацете и дланките користејќи џојстици од внатрешноста на торзото.

Тежи 3,5 тони и има два начини на работа: исправен „роботски“ и „возење“ со максимална брзина од десет километри на час.

Презентацијата е планирана за Јапонското Мобилити шоу овој месец.

„Јапонија е многу добра во анимација, игри, роботи и автомобили, па затоа мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ќе ги содржи сите тие елементи“, рече Рио Јошида, 25-годишниот извршен директор на Субаме индустрис.

„Сакав да создадам нешто што вели: Ова е Јапонија“, додаде тој.

Јошида се надева дека ќе изгради и продаде пет роботи на богати обожаватели на роботи, но исто така се надева дека роботот еден ден би можел да се користи за помош при катастрофи или во вселенската индустрија.

За роботиката се заинтересирал уште на рана возраст. Научил да заварува во работилницата на својот дедо, а потоа основал компанија која произведува миоелектрични протези за раце. Тој вели дека сака да ја задржи производствената конкурентска предност на Јапонија.

Се надевам дека ќе учам од претходните генерации и ќе ја продолжам традицијата, изјави тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ