вторник, 22 октомври 2024

Јапонија: Сериозно сме загрижени поради изјавите на Путин

Јапонската влада денес изрази загриженост поради навестувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека соработката во областа на воената технологија со Северна Кореја ќе се продлабочи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сме сериозно загрижени поради изјави на Путин во врска со нивното можно влијание на регионалната безбедност во опкружувањето на нашата земја“, изјави генералниот секретар на јапонската влада Јошимаса Хајаши, а пренесе јапонската новинска агенција Кјодо.

Путин по разговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Пјонгјанг кажа дека „Русија не исклучува развој на воената и техничката соработка“ со Северна Кореја врз основа на договорот за стратегиско партнерство потпишан во средата, и истакна дека тој договор предвидува и „заемна помош во случај на агресија“ на една од двете земји.

Хајаши кажа дека руската набавка на севернокорејско оружје и неговата употреба во конфликтот во Украина е „јасно кршење на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН“.

Тој ги критикуваше и изјавите на Путин дека треба да се преиспитаат санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја воведени поради нејзината програма за развој на ракетно и нуклеарно оружје.

„Таквите изјави се целосно неприфатливи“, оцени Хајаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ