„Владата смета дека не е соодветно да се укине. Смртната казна е неизбежна за лице кое извршило исклучително тешко и грозоморно злосторство“, рече на прес-конференција главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши.
Вчера, 16-члена комисија, во која беа вклучени поранешни највисоки обвинители и полицајци, како и академици, им предложи на кабинетот и парламентот да се формира конференциско тело за да разговара дали да се задржи смртната казна.
Тие во извештајот го наведоа случајот на Ивао Хакамата (88), кој помина речиси половина век во затвор, осуден на смртна казна, пред да биде ослободен во неодамнешното повторно судење за четирикратно убиство во 1966 година.
Јапонија и САД се единствените во Групата седум индустриски развиени земји, Г-7, кои сè уште изрекуваат смртна казна, додека Европската унија, која забранува приклучување на земјите со смртна казна, ја повика Јапонија да ја преиспита својата позиција.
До крајот на 2023 година, 144 земји ја укинаа смртната казна во закон или практика, според податоците на организацијата за човекови права Амнести интернешнал, која исто така ја повика Јапонија да ја укине смртната казна.