вторник, 22 октомври 2024

Јаневски: Во туризмот нема граници, туку дестинации

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоцијана туризмот на Македонија, Љупчо Јаневски, пред присутните потенцираше дека ова е прв меѓународен проект на Агенцијта со кој се зближуваат двете држави – Македонија и Грција.

„Лесно е да се дели, но претходно треба да се создаде. Со овој проект создадовме и докажавме дека нема граници, туку има дестинации. Проектот овозможи заедничка промоција на оваа голема дестинација во која се вклучени и неколку локални општини. Заедно ќе продолжиме да работиме на заеднички проекти кои ќе дадат дополнителни вредности во туристичката понуда“, објасни Јаневски.

Долгорочно наследство на проектот Интеррег – ИПА ЦБЦ  Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020 е промоција на „безгранична Македонија“ или Македонија без граници (Borderless Macedonia), рече Алкиз Анѓело Ставридис, проектен менаџер. Овој проект, според него, се реализира поради недостаток на промоција на руралниот туризам во двете земји.

„Со овој проект ја снимавме целата оваа област со дрон, со посебен акцент на непристапните места во шумите, езерата и реките. Ова се места кои не може да ги видите ниту на Google и затоа може слободно и бесплатно да се погледнат на официјалната интернет страница“, објасни Ставридис.

Крушево се поамбициозно се стреми да стане град на 4 сезони.

„Ако до пред некоја година фокусот беше ставен само на снегот, оваа година има многу повеќе активности. За да дојдете до тој степен на привлекување туристи, треба да овозможите добра инфраструктура која е предуслов за раст и развој на локалната економија, а со тоа и развој на туризмот. Постојано работиме во насока на развивање на туризмот. За Крушево слободно може да покажеме дека е едно од најубавите места во Македонија, кое вреди да се посети. Подеднакво е убаво во секое годишно време и може да понесете убави спомени кога и да дојдете“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево

Слоган на проектот Интеррег – ИПА ЦБЦ  Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020  е да имаме Активен туризам во насока на локален економски развој. Партнери во негова реализација беа македонската Агенција за поддршка и промоција на туризмот на Република Северна Македонија, Националната туристичка организација од Грција и Италијанско– грчката туристичка комора.

Според директорот Јаневски, гoдинава ќе се исполнат очекувањета од 3,2 милиони ноќевања, како и 530 милиони евра девизен прилив од туризмот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ