недела, 24 ноември 2024

Јаневска: Зголемувањето од 5 отсто на платата е за сите вработени во образовниот систем

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска јасно истакна дека освен наставниците и професорите, покачување од пет проценти ќе добиат и другите вработени во образовниот систем.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за МИА, Јаневска вели дека постигнатата спогодба за покачување е оптимална и е направена врз основа на можностите на Буџетот, бидејќи, како што рече, „претходната власт го оставила буџетот во крајно незавидна состојба“.

„И другиот кадар во образовниот систем ќе добие зголемување од пет проценти. Постигнавме спогодба, која всушност буџетот во овој момент ја овозможува. Тоа беше оптимална спогодба, затоа што повеќе пати кажавме дека Буџетот кој ни го остави претходната власт беше во крајно незавидна состојба. Искрено се надевам дека наставниците и останатиот персонал во училиштата ќе бидат задоволни од заложбите кои ги направивме, затоа што тоа беа сериозни напори“, рече Јаневска.

Министерката за образование и наука додава дека она што е важно е дека со договорот се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците и на останатиот персонал, а тој ќе биде дел од Колективниот договор кој треба да се потпише во февруари.

„Во овој наш договор, всушност, зборуваме за повеќегодишен договор во кој се обезбедува континуирано покачување на платите на наставниците и на останатиот персонал, кое е во времетраење од четири години, и ќе биде дел од Колективниот договор, кој ќе го потпишеме во февруари. Останува уште да се заблагодарам на премиерот и на министерката за финансии, кои направија сериозни напори за да можеме ова да го оствариме. На наставниците им пожелувам со здравје да си ги трошат средствата кои ќе ги добијат со октомвриската плата“, рече министерката.

Договорот за зголемување од 5 отсто на платите во образованието беше постигнат вчера, на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претставниците на СОНК. Според планот а раст на платите што го иложи Мицкоски, до крајот на мандатот на оваа влада, вработениет во образованието треба да имаат плати повисоки за 46 отсто од денешните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ