недела, 24 ноември 2024

Јаневска: Сите училишта треба да имаат греење, без греење не може да се учи

На повикот на градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во оваа општина, министерката за образование и наука, Весна Јаневска „реплицираше“ дека очекува сите училишта да имаат греење.

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјави Јаневска денеска, на општините им се исплатени блок-дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.

„Министерството за образование и наука (МОН) дава блок-дотации до општините. Блок- дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, на училиштата и на директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН“, нагласи Јаневска по прес-конференцијата за реконструкција на државните студентски домови.

Според неа, ако Јакимовски има дополнитлени барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.

„Очекувам сите училишта да имаат греење, зашто е невозможно без греење да се учи. Верувам дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата“, децидна е министерката.

Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто според него, „локалната самоуправа, не е должна да го прави тоа“. Јакимовски нагласи дека минатата година, за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ