сабота, 19 октомври 2024
Прес-конференција на градоначалникот на Карпош

Јакимовски: Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е бетонско чудовиште, проектот за Алумина е модерен и хуман

Со прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски реагира на одлуката на советниците од таа партија со 4.000 амандмани да го блокираат донесувањето на неколку ДУП во Општината Карпош, меѓу кои и тој за изградба на станбено-деловен центар на просторот на поранешна Алумина. „Оваа зграда зад мене, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, е бетонско чудовиште и налудничав проект“, рече Јакимовски. „Зборуваат за бетонски чудовишта, а што е ова позади нас ако не е бетонско чудовиште кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Република Македонија“, нагласи градоначалникот.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас само сакам да прашам, кој овде има налудничав проект? Оној што предлага современи градби, со решено паркирање, со места за пензионерите со спорт и рекреација, со 50% од изградбата да е зеленило, со најсовремени подземни сообраќајници или ова здание зад нас, погледнете дали се ова премини или ова е обичен ходник?“, праша Јакимовски реагирајќи на изјавите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека на просторот на Алимина се гради бетонско чудовиште, притоа фотографирајќи се низ ходникот.

„Малку им беше ова седмокатно бетонско чудовиште, па уште направија и кула“, нагласи Јакимовски.

Потоа тој рече дека и не очекувал дека советничката група на ВМРОДПМНЕ ќе ги гласа деталните урбанистички планови затоа што, како што нагласи, се работи за нови современи објекти какви што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија или во Белград.

д

„Тие сакаат барок згради, всушност сакаат лажен барок, исто како што е лажна нивната политика, како што се лажни  нивните патриотизми, како што се лажни и нивните заложби за зеленило, а во објектот кој што го изградиле нема ниту еден метар квадратен за зеленило, Има пет-шест саксии напред од кои три им се веќе овенати. Ова зад нас е вистинско бетонско чудовиште, а сите ние се сеќаваме на едно мало жолто зградиче од два ката со мало дворче. И, целата парцела е искористена да се изгради ова седмокатно чудовиште со кула! Како што би рекол великиот Кочо Рацин – За себе банки ѕидаат, банки палат и кули тенки високи“, рече градоначалникот.

Тој потоа објасни дека нејасно е противењето на проектот во Општина Карпош, каде, како што рече, ќе се обезбеди паркинг простор за 2.500 граѓани и дека ќе има дополнителни 1.000 паркинг места за сите граѓани на Карпош. Слободните паркинг места, наглси, ќе бидат во подземните гаражирани места на нивото минус два, каде што граѓаните ќе може слободно да се паркираат.

А, тие овде во ова нивно бетонско здание имаат обезбедено паркинг простор само за нивното лидерче. Сите останати вработени во ВМРОДМПНЕ паркираат долу во подземните гаражи или го блокираат целиот влез или се најчесто со четири запалени трепкачи. Згора на тоа истата оваа бетонизација има дивоградба тераса, малку им беше сето ова па уште имаат и дивоградба тераса, и сега нас не обвинуваат за лудничави проекти. Освен тоа, во ова чудовишно здание зад нас, дали се ова премини или е обичен ходник, потесен веројатно од ходниците во хотелот тука. Со ова здание, го обезвреднија и Технометал и Бест Вестер хотелот и им го уништија животот на граѓаните од Луј Пастер 137. Ова само покажува колку нивните проекти биле нормални и испланирани, а нашите биле налудничави. Ова овде е вистински пример за бетонизација, за урбана мафија, вистински пример за алчни луѓе кои што го загрозија животот на сите оние околу нив што живеат. Вакви чудовишта на територија на Општина Карпош, ниту имало ниту ќе има“, нагласи Јакимовски

д

На прашањето за ДУПот на Алумина дека во симулацијата беа предвидени 120.000 метри, дека со ДУПот се предвидени 300.000 метри квадратни, Јакимовски рече дека тоа не е точно.

„Некои лица се обидуваат максимално да ги излажат граѓаните, Тие лаги се дека ова не се вистинските проекти, на пример лага е дека нема да има две висококатници туку дека ќе има многу повеќе, односно дека ќе има 35 катници. Лага е дека ќе има сенка врз бараките, затоа што овие објекти од девет до 11 ката се повлечени 35 метра од улицата Прашка. Направени се симулации дека воопшто не ги загрозува ни кога е најниско сонцето. Понатаму, лага е дека се земени висини од другите бараки за да се додаде овде висина, кога еве тоа е сосема посебен блок и воопшто не пречат во блокот каде што се бараките. Значи дека и со Генералниот урбанистички план е водено сметка и за инфраструктура и за водоснабдување и за канализации, за училишта и градинки. Еден проект кој е современ очигледно настојуваат да го искористат како еден маркетинг, но неуспешен маркетинг. Зошто? Тој ист проект два пати беше презентиран пред советниците и никој од советничките групи не дадоа некаква сугестија иако беа прашани, туку напротив советничката Невена Георгиевска стана и кажа ‘Јас искрена да бидам, мене овој проект многу ми се допаѓа, ама нека се прави на некое друго место’. Е сега дали ви е јасно дека тие се целосно разрушени и буквално се запрепастени од квалитетот на проектот од онаа убавина која што многу граѓани ја поддржуваат да се изгради и практично Карпош повторно ќе биде водечка општина во државата каде што ќе има бизнис кули, каде луѓето ќе работат и ќе живеат, да има градинка која ќе биде подарена на Општината, да има пензионерски клуб, детски игралишта и други работи“; рече Јакимовски.

На друго прашање градоначалникот Стевчо Јакомовски рече дека со ДУП-от бруто развиената површина е 20.000 метри во основа и додаде:

Значи таму имаме преку 40.000 метри квадратни, значи 20.000 метри квадратни и интенцијата е на целиот ДУП да не се зафаќаат зелените површини туку напротив, да се оди во висина“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ