среда, 23 октомври 2024

Ја измамиле дека ќе заработи со вложување во крипто валути, па изгубила 215.497 денари

Вчера во 15 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро-сметка која претходно и била дадена од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ