вторник, 22 октомври 2024

Израелските војници снимени како малтретираат Палестинци на Западниот Брег (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во текот на изминатата недела се појавија десетици слики и видеа на кои се прикажани војници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) како малтретираат и понижуваат Палестинци уапсени на Западниот Брег, често со врзани очи и со лисици на рацете.

Објавено на

часот

Сподели

Во едно од најбруталните видеа, кое е замаглено, војниците на ИДФ се снимиле себеси како злоставуваат седум работници на Западниот Брег што биле еа фатени во обид да влезат во Израел без дозвола во областа на ридот Јужен Хеброн, пишува Тајмс оф Израел.

Снимките се вознемирувачки.

На снимката се гледа како Палестинците, соблечени голи или полуголи, со врзани очи и со лисици и врескаат од болка. Еден од нив го влечат по земја. На скриншот од видеото се гледа како војник ја става својата чизма на главата на еден од Палестинците, додека друг вперува оружје кон него.

д

Во друга сцена на насилство снимена со камера, војник клоца во стомакот на Палестинец со превез на очите, а потоа го плука и го навредува на арапски.

Во друг случај, религиозен еврејски резервист прегрнува Палестинец со врзани очи и лисици и танцува со него додека пушта религиозна музика на телефонот. Тој го прашува зошто не танцува додека човекот со врзани очи губи рамнотежа.

Друг краток клип покажува палестински затвореник со врзани очи принуден да седи на земја со нозете покриени со израелско знаме.

Како одговор на овие докази, ИДФ објави дека „однесувањето на војниците што произлегува од овие сцени е сериозно и не е во согласност со вредностите на ИДФ. Инцидентите се под истрага. Командантите на ИДФ ќе разговараат со сите војници на фронтот. Еден војник е отпуштен од резервниот состав“.

Инцидентите на малтретирање се случија во екот на ескалацијата на тензиите на Западниот Брег меѓу палестинските и израелските безбедносни сили и доселениците. Според палестински владини извори, од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври загинале 122 Палестинци од Западниот Брег.

Повеќето од жртвите биле убиени од оган на ИДФ, додека во неколку случаи Палестинците биле убиени од доселеници. Во вторникот, доселениците запалија празна палестинска куќа во селото Масафер Јата, јужно од Хеброн, и фрлаа камења врз тамошните куќи и во блиското село Туба.

Палестински и израелски активисти, исто така, објавија дека во текот на неделата маскирани вооружени доселеници нападнале палестински цивили во селата Сусија и Ум ал-Каир во истата област. Во првиот случај, вооружени доселеници, наводно, упаднале во селото во неделата, ги тероризирале локалните жители и им рекле дека имаат 24 часа да ги напуштат своите домови или ќе бидат убиени.

Во случајот со Ум ал-Каир, доселениците, наводно, влегле во селото во неделата наутро и ги обвиниле жителите дека се поддржувачи на Хамас, ги претресувале и им наредиле да постават израелски знамиња на своите куќи.

Како одговор на истрагата на Тајмс оф Израел, ИДФ истакнаа дека не се повикани да интервенираат во Сусија и затоа немаат информации за настаните. Во Ум ал-Каир, војниците влегле во селото откако слушнале врисоци, соопшти ИДФ и пребарале и испрашувале некои жители. Според ИДФ, на нивните телефони биле пронајдени инкриминирачки фотографии и видеа, кои им биле предадени на безбедносните сили.

Инцидентите се случија во контекст на војната меѓу Израел и Хамас, која избувна откако палестинската група Хамас изврши масакр на 7 октомври, кога околу 2.500 нејзини членови ја преминаа границата и дивееја низ повеќе од 20 израелски заедници во близина на Појасот Газа.

Тие убија околу 1.400 луѓе, главно цивили, напаѓајќи ги во нивните домови и на музички фестивал на отворено. Тие, исто така, одведоа најмалку 245 луѓе во Газа како заложници, од кои четворица оттогаш беа ослободени од Хамас, а еден спасен од ИДФ.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, тврди дека повеќе од 8.500 луѓе загинале како резултат на израелските воздушни напади од 7 октомври. Сепак, бројките објавени од групата не може да бидат независно проверени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ