понеделник, 21 октомври 2024

Израелските власти ги протеруваат Палестинците вработени во Израел

Израелските власти ќе ги вратат во опколениот Појас Газа сите Палестинци кои работат во Израел, соопштија денеска официјални лица. „Израел ги прекинува сите контакти со Газа. Нема да има повеќе палестински работници од Газа“, беше објавено доцна синоќа во соопштението на најтесниот состав на Владата на Израел задолжен за безбедност.

Објавено на

часот

Сподели

Беше наведено и дека Израел ќе престане да обезбедува средства за Палестинската управа наменети за Појасот Газа.

Иако Хамас насилно ја презеде контролата врз Газа во 2007 година од Палестинската управа, во која доминира ривалскиот умерен Фатах, таа администрација продолжи да плаќа десетици илјади државни службеници во енклавата.

Врз основа на привремените мировни договори од 1990-тите, Израел собира пари од царина и даноци во име на Палестинците и ги плаќа овие пари на палестинската управа секој месец.

Со одлуката, израелскиот безбедносен кабинет ќе ја казни Палестинската управа, на која ѝ недостасуваат пари за да продолжи да плаќа плати на јавните службеници во Газа.

Во соопштението на кабинетот за безбедност исто така беше објавено дека ќе бидат одземени дозволите за работа во Израел на околу 18.000 Палестинци од Газа, пренесе АП.

Во сиромашниот Појас Газа, невработеноста беше околу 50 отсто, а работните места во Израел беа исклучително барани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ