вторник, 22 октомври 2024

Израелски преговарач: Постои реалнa шансa да се постигне договор со Хамас за заложниците

Постои „реална шанса“ да се постигне договор со Хамас за ослободување на заложниците што групата ги држи во Појасот Газа од 7 октомври, изјави извор од израелскиот преговарачки тим за Тајмс оф Израел, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да испрати делегација на следната рунда разговори.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Предлогот што го предложи Хамас вклучува многу значаен напредок“, рече изворот, откако палестинската милитантна група преку посредник му испрати на Израел ревидиран нацрт-договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа.

Друг израелски функционер потврди дека израелската делегација на преговорите ќе ја предводи шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.

Нетанјаху вчера свика состанок на кабинетот за национална безбедност за да разговара за позицијата на Израел во индиректните разговори, кои се очекува да започнат наредните денови.

Претседателот Нетанјаху претходно го одобри испраќањето на преговарачки тим откако го разгледа одговорот на Хамас на последниот предлог на Израел.

Во исто време, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им кажа на семејствата на заложниците кои ги држи Хамас дека Израел е „поблиску од кога било“ до договор за нивно ослободување, објави Канал 12.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ