Во еден од телефонските разговори меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по претседателските избори во САД, се споменува трансфер на американско оружје во Тел Авив, објави израелската телевизија.
За време на средбата беше наведено дека Трамп му ветил на Нетанјаху дека ќе ги укине сите ограничувања и одложувања во трансферот на оружје и воена опрема во Израел на првиот ден кога ќе ја преземе функцијата во Белата куќа.
Трамп и Нетанјаху разговараа три пати по телефон по претседателските избори на 5 ноември.
На 20 јануари Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД.