петок, 18 октомври 2024

Израелската армија: Пронајдени 15 влезови во тунели, погодени 150 цели на Хамас

Израелската армија утринава соопшти дека пронашла повеќе од 15 влезови во подземните тунели во Магази во централна Газа и дека со воздушни напади убила неколку терористи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Војниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) убија десетици „терористички оперативци“ во битките во изминатиот ден во областа Кан Јунис.

Во соопштението објавено на каналот Телеграм пишува дека за време на операцијата во Кан Јунис, војниците идентификувале терорист што поставил експлозивна направа во близина на рутата по која се движи војската.

Се додава дека војниците на ИДФ погодиле вкупно 150 терористички цели изминатиот ден.

Тие тврдења не можеше да бидат независно потврдени, пренесуваат агенциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ