вторник, 22 октомври 2024

Израелец во ОН сам си стави жолта ѕвезда на реверот. Директорот на Јад Вашем: „Тоа е навреда за жртвите на холокаустот“ (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации утринава во Советот за безбедност на ОН стави жолта ѕвезда на реверот, велејќи дека ќе ја носи се додека Советот за безбедност не ги осуди злосторствата на Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Гилад Ердан и неговиот персонал закачија жолти Давидови ѕвезди со зборовите „Никогаш повеќе“ на своите ревери додека присуствуваа на состанокот на најмоќното тело на ОН. Евреите биле принудени да носат такви ѕвезди за време на нацистичката диктатура.

„Исто како моите баба и дедо, и дедовците на милиони Евреи, отсега јас и мојот тим ќе носиме жолти ѕвезди. Ќе ги носиме ѕвездите додека не ги осудите злосторствата на Хамас. И бараме итно ослободување на нашите заложници“, рече Ердан.

„Некои од вас не научија ништо во изминатите 80 години. Некои од вас заборавија зошто е формирано ова тело“, рече Ердан, осудувајќи го Советот за безбедност што молчи за смртоносните напади врз Израел на 7 октомври од страна на палестинските милитанти Хамас.

Длабоко поделениот 15-член совет не усвои ниту една резолуција за тринеделната војна меѓу Израел и Хамас. Некои резолуции беа блокирани од Соединетите Држави, близок сојузник на Израел, бидејќи не го спомнуваа правото на Израел на одбрана.

Резолуцијата поднесена од САД беше особено осудена од Русија и Кина, бидејќи во неа јасно не се повикува на прекин на огнот.

„Значи, ќе ве потсетам. Од овој ден натаму, секогаш кога ќе ме погледнете ќе се сетите што значи да се молчи пред злото“, рече амбасадорот.

Во својот говор, Ердан ја спореди израелската копнена офанзива во Појасот Газа со истоварувањето на сојузниците во Нормандија во 1944 година.

Тој го исмеваше Советот за безбедност на ОН, велејќи дека на 6 јуни 1944 година (Денот Д), доколку тоа тело постоело тогаш, веројатно ќе се водела жестока дебата за тоа уште колку струја и гориво имаат граѓаните на Минхен.

Тој нагласи дека споредувањето на бројот на загинати од двете страни по разорниот масакр што го изврши исламистичкиот Хамас во Израел на 7 октомври е неприфатливо како и споредбата на германските и британските жртви во Втората светска војна.

Директорот на Музејот на холокаустот Јад Вашем Дани Дајан го критикуваше израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан дека на реверот прикачи жолта еврејска ѕвезда за време на обраќањето на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Дајан оцени дека така „се навредуваат жртвите на Холокаустот и државата Израел“.

Како што објави на платформата Икс, жолтата ѕвезда „ја симболизира беспомошноста на еврејскиот народ“, како и „дека е на милост на другите“.

„Ние сме господари на нашата судбина. Денеска ставаме сино-бело знаме на реверот, а не жолта крпеница“, додаде Дајан, пренесуваат израелските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ