вторник, 22 октомври 2024

Израелците објавија признание на припадник на Хамас: „Слушнавме деца, пукавме додека не замолкнаа“

Војската на Израел вчера објави снимка од сослушувањето човек за кој велат дека е член на Хамас вклучен во нападот врз Израел на 7 октомври. Човекот на видеото опишува убивање на израелски деца во Кфар Ази, израелски кибуц на границата со Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата единствена мисија беше да убиваме, а не да киднапираме. Да го убиеме секој човек што ќе го видиме и да се вратиме во Газа“, му рекол Амер Абу Гоша, член на Нукба, командоска единица на Хамас, на иследникот.

Тој рекол дека неговата група се упатила кон Кфар Ази со џип и влегла во кибуцот откако еден од нив ја разнел вратата со експлозивна направа. Откако влегле во градот, оделе од куќа до куќа, ги палеле, пукале со калашникови и фрлале гранати по сите на кои наишле.

Во еден момент, Абу Гоша опишал како влегол во куќа и слушнал гласови на мали деца, кои плачеле во безбедносна соба, и пукал во вратата од собата. Тој вели дека гласовите на крај престанале, па заклучил дека децата умреле.

Абу Гоша и дел од неговата група подоцна влегле во оружен конфликт со војниците на ИДФ, кои влегле во куќата преку прозорците и тие биле принудени да се предадат.

На прашањето зошто убивале жени и деца, Абу Гоша одговорил: „Ни рекоа дека сите доселеници се војници“.

На прашањето која е разликата меѓу Хамас и ИСИС, тој рекол дека испитувачите му покажале видеа од некои од ужасите што ги извршиле членовите на Хамас врз израелските цивили и тој искоментирал: „Нема разлика. Сум видел снимки што се полоши од ИСИС.“

Израел ја напаѓа Газа повеќе од три недели како одговор на најтешкиот масакр во неговата историја, кој на 7 октомври го извршија Хамас и други екстремистички групи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ