понеделник, 21 октомври 2024

Израел: Убивме милитанти на Хамас во болница. Планираа нови масакри

Војската на Израел соопшти дека војници „неутрализирале“ милитанти на Хамас заробени во болница во окупираниот град Џенин на Западниот Брег кои планирале непосреден напад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Војската го идентификуваше Мохамед Џаламнех (27) од Џенин, како еден од лицата за кој рече дека имал контакти со седиште на Хамас во странство и дека планирал „напад инспириран од масакрот на 7 октомври“.

За другите двајца се вели дека се милитанти од областа.

„Џаламнех планираше да изврши терористички напад во блиска иднина и ја користеше болницата како скривалиште и затоа беше неутрализиран“, соопшти војската. Немаше веднаш палестинска потврда за идентитетот на мажите.

Војската одби да каже дали тројцата се убиени, но радиото „Глас на Палестина“ објави дека тројца Палестинци биле убиени во болница.

На Западниот Брег, меѓу областите каде што Палестинците бараат државност, е забележан бран на насилство по нападот на 7 октомври, причината за војната во Газа меѓу Израел и Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ