понеделник, 21 октомври 2024

Израел реагираше на изјавата на Ердоган дека Хамас не е терористичка организација

Израел денес реагираше на изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека палестинската милитантна група Хамас „не е терористичка организација“.

Објавено на

часот

Сподели

„Израел со сето срце ги отфрла острите зборови на турскиот претседател за терористичката организација Хамас“, напиша портпаролот на министерството за надворешни работи Лиор Хаиат на социјалните мрежи, и додаде: „Дури ни обидот на турскиот претседател да ја одбрани терористичката организација и неговите провоцирачки зборови нема да ги сменат ужасите кои ги виде целиот свет“.

Обраќајќи се претходно на група пратеници од својата партија, Ердоган кажа дека Израел „може да го гледа Хамас како терористичка организација заедно со Западот. „Западот многу ви должи. Но Турција ништо не ви должи. Хамас не е терористичка организација, тоа е ослободителна група, муџахедини, кои ги бранат своите земји“.

Го повика Израел „да ги послуша повиците на мир“ и кажа дека „мора да ги сопре нападите на Газа“, додавајќи дека израелската акција во Газа е еден од „најкрвавите, најодвратни и најдивјачки напади во историјата“.

Ердоган кажа и дека го откажал планираниот пат во Израел, кажувајќи: „Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја злоупотреби нашата добра волја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ