вторник, 22 октомври 2024

Израел потврди дека гаѓал бегалски камп

Исламистичкото движење Хамас објави дека во бегалскиот камп Џабалија на северот на Газа се убиени најмалку 50 луѓе, а многу се повредени во израелски воздушен напад. Палестинското министерство за здравство соопшти дека најмалку 50 луѓе се убиени.

Објавено на

часот

Сподели

Според Ројтерс, значително подрачје на бегалскиот кампа Џабалија е срамнето со земја. Десетици луѓе се во потрага по преживеани во урнатините.

Израелската војска (ИДФ) ја презема одговорноста за нападот на бегалскиот камп.

Портпаролот на Израелските одбранбени сили потполковникот Ричард Хехт кажа за Си-ен-ен дека командантот на Хамас Ибрахим Биари, кој бил мета на воздушниот напад на бегалскиот камп Џабалија во Газа, „се криел, како што тоа го прават припадниците на Хамас, зад цивили“.

Кажа дека Биари е убиен во нападот, а ИДФ на социјалните мрежи објави негова фотографија.

Хагари кажа дека се убиени уште неколку припадници на Хамас кои биле со командантот „во зградата и под земја“.

Нападот предизвикал многу жртви во Џабалија, најголемиот бегалски камп во Газа, според властите на територијата под контрола на Хамас.

Сместен северно од градот Газа, кампот Џабалија е најголемиот од осумте бегалски кампови во Појасот Газа. Во него се сместени околу 116.000 палестински бегалци, според ОН. Бегалците почнале да се населуваат во кампот по војната во 1948 година.

Станува збор за мало, но густо населено подрачје, од само 1,4 квадратни километри и главно се состои од станбени згради. Во Џабалија има училишта, здравствени центри, библиотека, центар за делење храна. Со кампот Шати, Џабалија се наоѓа во областа која Израел ја прогласи за евакуациска зона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ