петок, 18 октомври 2024

Израел почна воена операција на Западниот брег (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Заедничката операција наводно била насочена на штаб на милитанти во бегалскиот камп во градот Џенин.

Израелската војска потврди дека околу 2 часот наутро нападнала „терористичка инфраструктура“, тврдејќи дека кампот во Џенин станал „терористичка тврдина“.

Се додава дека се спроведени рации во здружен штаб на повеќе оружени групи кој служел како „извидница, собирна точка за терористи пред и по нападите, складиште за муниција и бомби, како и центар за комуникација“.

„Нема да стоиме со скрстени раце додека терористите продолжуваат да го користат кампот Џенин како засолниште“, објави израелската војска во краткото соопштение за јавноста.

Портпаролот на израелската војска, потполковникот Рочард Хехт напиша на Твитер дека израелските сили разоруваат „осила“, тврдејќи дека наводните оперативни центри на терористите се наоѓаат „покрај училишта, медицински центри и цивилни куќи“.

Според податоците на палестинското министерство за здравство, најмалку еден Палестинец е убиен, а уште еден е тешко повреден за време на нападот.

Израел го зазеде Западниот брег за време на Шестдневната војна во 1967 година и почна да гради нови населби на таа територија. Советот за безбедност на ОН прогласи дека тие акции се спроведени „без правна валидност“ и дека претставуваат „кршење на меѓународното право“.

Преостанатиот дел од Западен брег формално е под контрола на претседателот Махмуд Абас, но Израел редовно спроведува воени и полициски рации во таа област под озговор дека се бори против екстремизмот и тероризмот.

Израелски хеликоптери минатиот месец извршија напад во Џенин, убивајќи седум Палестинци, вклучувајќи двајца тинејџери. Во посебен инцидент, осум израелски војници ги повреди бомба покрај пат за време на судир со вооружени палестински милитанти.

Неколку дена подоцна израелски дрон уништи автомобил во кој беа тројца Палестинци осомничени за напад на воен контролен пункт, во првиот случај на целен атентат на Западниот брег од 2006 година, пишува Тајм оф Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ