вторник, 22 октомври 2024

Израел пак им порача на Палестинците да се евакуираат на југ: Нагласуваме, ова е итен повик

Војската на Израел денеска соопшти дека неговите повици до Палестинците во Појасот Газа да се евакуираат кон југ, далеку од главниот фокус на војната против Хамас, сега се итни.

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминатите две недели ги повикувавме жителите на северниот дел на Појасот Газа и градот Газа привремено да се преселат на југ. Преселувањето кон југ е заради нивна безбедност“, рече воениот портпарол Даниел Хагари.

„Денеска нагласуваме дека ова е итен повик“, рече тој на телевизискиот брифинг.

Хагари додаде дека бројот на луѓето потврдени како заложници во Газа по прекуграничниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври се искачил на 239.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ