сабота, 20 јули 2024

Израел: Од Хамас во Газа запленивме повеќе од милион долари

Објавено на

часот

Сподели

Запленети се и пари во ирачка и јорданска валута и американски долари. Запленетите пари ќе бидат уплатени во израелската државна каса. Израел го обвинува Хамас дека ги користи парите за финансирање терористички активности.

Портпаролката не кажа како израелската влада ќе ги потроши парите.

Пред една недела, комисијата за финансии на израелскиот парламент одобри буџет од 1,15 милијарди шекели (308 милиони долари) за обнова на израелските гранични пунктови уништени на 7 октомври кога Хамас и други милитанти го нападнаа Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, главно цивили, и киднапирајќи околу 240 луѓе.

Израел одговори со жестоки воздушни напади, блокада на Појасот Газа и со копнена офанзива.

Хамас тврди дека во израелскиот напад врз Појасот Газа загинале речиси 15 илјади луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ