понеделник, 21 октомври 2024

Израел објави три фази за акцијата во Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант претстави планови за акција во кои не влегува долгорочна окупација на Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе има три фази. Сега сме во првата, што е воена кампања која во моментов вклучува напади, а подоцна ќе вклучува маневрирање. Целта е неутрализација на терористите и уништување на инфраструктурата на Хамас.

Втората фаза би вклучува операции од понизок интензитет за искоренување на оперативците на Хамас, а третата повлекување на Израел и воспоставување нова безбедносна реалност за граѓаните на Израел“, кажа Галант, а пренесува Волстрит џурнал. Израелскиот министер не наведе детали.

Најавата на Израел е план за временско ограничување на акцијата во Газа, но тоа не значи дека ќе избегнат ширење на конфликтот. Израел нареди евакуација на град во близина на границата со Либан, што значи дека очекува отворање на уште еден фронт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ