понеделник, 21 октомври 2024

Израел нападна два главни аеродроми во Сирија, има загинати

Израелските напади на два аеродроми во Дамаск и Алепо ги онеспособиле објектите, а во нападите се убиени најмалку двајца работници, јавија сириските државни медиуми. Државната сириска новинска агенција САНА пренесе дека ракетните напади рано утрово биле истовремени и дека се оштетени пистите.

Објавено на

часот

Сподели

Сириското министерство за сообраќај соопшти дека сите летови за Дамаск и Алепо се пренасочени на меѓународниот аеродром во Латакија. Сириската опсерваторија за човекови права ги потврди нападите и кажа дека ова е трет пат во 10 дена Израел да го нападне аеродромот во Алепо.

Израелската војска не ги коментираше извештаите, но Тел Авив го обвини Иран за испорака на оружје на милитантни групи активни во Сирија со авиони. Иран е главната поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад од почетокот на граѓанската војна во 2011 година. Израел редовно бомбардира цели во соседна Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ