сабота, 19 октомври 2024

Израел на војниците во Газа со падобрани им испраќал тони вода: Тоа е прв таков потфат (ВИДЕО)

Израел на војниците во Газа со падобрани им испратил седум тони вода, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ) и објавија снимка во воената акција. Додадоа дека станува збор за прв таков воено-логистички потфат.

Објавено на

часот

Сподели

„Со падобрани им доставивме околу седум тони вода на израелските војници во градот Кан Јунис. Системот за „наведувано снабдување“ е напреден оперативен систем кој овозможува доставување опрема на копнените сили преку падобрани и со користење прецизна навигациска технологија“, порача ИДФ.

„Станува збор за прва таква оперативна употреба на системот од Втората либанска војна. За достава користевме товарен авион „шимшон““, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ