вторник, 22 октомври 2024

Израел изврши воздушни напади и напади со дронови на југот на Либан

Израел утринава извршил воздушни напади и напади со беспилотни летала на југот на Либан, во близина на израелско-либанската граница каде се засили размената на оган меѓу израелските сили и милитантите на либански Хезболах, јавуваат израелските државни медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Не е пријавено дали има настрадани, но нападите предизвикале пожари во полињата во близина на пограничниот град Аита ал Шаба, јави израелската Национална новинска агенција (ННА).

Израелските напади синоќа го погодиле либанскиот округ Тир и фабрика за душеци, јави државната телевизија, а имало и престрелки со малокалибарско оружје меѓу милитантите и израелската војска долж границата.

Хезболах и Израел имаат судири со помал интензитет откако изби војната меѓу Израел и Хамас, по нападот на Хамас на Израел. Размената на огнот е главно ограничена на неколку погранични градови.

Хезболах се противи на израелската копнена инвазија на појасот Газа, а Израел предупредува дека ќе возврати ако Хезболах, кој е поддржан од Иран, ја ескалира војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ