понеделник, 21 октомври 2024

Израел изврши воздушен напад во Сирија, акција и на Западен Брег (ВИДЕО)

Осум војници загинаа, а уште седум се ранети во израелски напад врз воени позиции во југозападна Сирија во средата, јави сириската државна новинска агенција (САНА).

Објавено на

часот

Сподели

Цитирајќи воен извор, САНА соопшти дека израелската „воздушна агресија“ била насочена кон многубројни воени позиции во близина на градот Дераа во југозападниот дел на земјата, пренесува Ројтерс. Во нападот е причинета и материјална штета, соопштено е.

Нападот се случи во средата околу 1:45 часот по локално време, јави САНА.

Израелската војска претходно соопшти дека нејзините авиони ја погодиле сириската армиска инфраструктура и минофрлачи рано во средата, како одговор на лансирањето ракети од Сирија кон Израел.

За време на ноќниот напад на Западниот Брег, израелските сили беа под оган од група Палестинци, кои војската потоа ги погоди со беспилотно летало, соопшти израелската војска, а палестинските власти соопштија дека загинале три лица.

Војската соопшти дека вооружени Палестинци „пукале и фрлале експлозивни направи“ врз нејзините сили во бегалскиот камп Џенин на северниот дел на Западниот Брег, пренесува Ројтерс.

Војската потоа ги нападна со беспилотно летало, кое испука најмалку два проектили, соопшти официјалната новинска агенција на палестинската управа ВАФА, повикувајќи се на извори во кампот. Три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени, соопшти ВАФА, повикувајќи се на Висам Бакр, директор на владината болница во Џенин.

Западниот Брег се појави како уште еден фронт во израелската војна со Хамас, која почна откако исламистичките милитанти започнаа оружен напад врз јужен Израел на 7 октомври. Оттогаш, повеќе од 100 Палестинци се убиени во судирите со израелските сили, соопшти палестинското Министерство за здравство. Нападот со беспилотно летало бил најмалку трета употреба на израелската воздушна моќ на Западниот Брег. Бегалскиот камп Џенин, упориште на палестинските милитанти, беше во фокусот на големата израелска воена операција претходно оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ