сабота, 19 октомври 2024

Израел: Го убивме шефот за логистика на Хезболах

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) утринава објавија дека Сухаил Хусеин Хусеини, шефот за логистика на Хезболах, бил убиен во „прецизен, разузнавачки напад во областа на Бејрут“ во понеделникот.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Хезболах сѐ уште не се огласил за загубата.

Хусеини беше одговорен за буџетот и логистичкото управување со најделикатните проекти на Хезболах, кои ги вклучуваат неговите воени планови и други специјални операции, објави ИДФ, пренесе Би-би-си.

Израел одржува комеморации за жртвите на масовните убиства и киднапирања извршени од Хамас на 7 октомври минатата година, додека продолжуваат борбите во Појасот Газа и Либан.

Една година по нападот во кој загинаа околу 1.200 луѓе и беа заробени 251, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе спречи нов таков напад, велејќи дека израелските вооружени сили „ја менуваат безбедносната реалност“ на регионот.

Речиси 42.000 луѓе се убиени досега во израелската офанзива во Газа, според Министерството за здравство на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ