понеделник, 21 октомври 2024

Измама во Америка: Лажен Бајден ги повикувал луѓето да не гласаат

Гласачи во Њу Хемпшир добиле повеќе автоматизирани телефонски повици преку кои глас кој звучел како американскиот претседател Џозеф Бајден ги повикал да не гласаат на денешните примарни избори во Њу Хемпшир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува Би-би-си, отворена е истрага за тие повици, за кои постои сомневање дека се вештачки генерирани, а од изборниот штаб на Бајден се оградиле од кампањата за тие повици.

Во пораката, гласот им порачал на гласачите да го „зачуваат“ своето гласачко ливче за општите избори во ноември, што, според британскиот јавен сервис, е бесмислено, бидејќи оние кои гласаат на примарните избори имаат право да гласаат и на општите избори.

„Републиканците се обидуваат да ги натераат непартиските и демократските гласачи да учествуваат во нивните примарни избори. Каков куп глупости“, е дел од пораката што ја кажува лажниот глас на Бајден.

Номоробо, апликација која препознава роботски повици, проценува дека биле направени меѓу 5.000 и 25.000 такви повици.

„Иако гласот во роботскиот повик звучи како гласот на претседателот Бајден, врз основа на првичните наоди, се чини дека пораката е вештачки генерирана… Гласачите треба целосно да ја игнорираат содржината на пораката“, објави канцеларијата на јавниот обвинител во Њу Хемпшир.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер вчера потврди дека аудио снимката е лажна, додека менаџерот на кампањата на Бајден, Џули Чавез Родригез ги оцени повиците како обид за „намерно поткопување на слободните и фер избори“.

На примарните избори во Њу Хемпшир, гласачите на двете најголеми американски партии – Демократската и Републиканската – избираат кои од кандидатите ќе бидат претставници на партиите на американските претседателски избори во ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ