петок, 18 октомври 2024

Изложба на Петра Јовановска во Париз

Утре ликовната уметница Петра Јовановска ќе реализира отворено студио/ателје во Париз, Франција (Cité des arts Paris) под наслов „Круг 2“.

Објавено на

часот

Сподели

Ќе бидат изложени около 50 дела создадени во периодот на уметничкиот творечки престој во Париз. Петра Јовановска се обиде да го трансформира кругот, односно кругот да не биде главна ликовна композиција во нејзините ликовни дела и тоа се со цел да го напушти кругот.

Кругот игра главна улога во нејзините ликовnи дела. Петра Јовановска долг период од своето ликовно творештво го анализира кругот, како еден симболичен геометриски облик. За неа ликовниот израз се темели не само на симбиличното и карактеристичното значење на овој геометриски облик, туку главната намера е кон ликовното делување према синтеза на ликовниот говор и истражувачки пристап на ликовните дела како уметничка креација.

Оформената рамнотежа на овие геометриски форми во контекст на композиција, тон, боја, структура. Кругот за Петра Јовановска е симбол и воедно и творечка и животна филозофија. Повторно користи диптих, триптих и полиптих со цел да го долови дадениот момент, ликовните дела се изработени во комбинирана техника.

Уметничкиот престој е поддржан од Министерство за култура на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ