вторник, 22 октомври 2024

Изгореа поранешни воени магацини кај Велес, а во село Малино куќа и други објекти

Огнот од запалена вегетација силниот ветер го донесе кај два напуштени воени магацини кај Велес кои изгореа, а ветерот бил причина да изгори куќа со помошни објекти во светиниколско.

Објавено на

часот

Сподели

Од Центарот за управувавње со кризи информираат дека се регистрирани 11 пожари во изминатото деноноќие, сите на отворен простор. Пожарникари интервенирале на запалени ниска вегетација и ѓубре во општините Битола, Валандово, Велес, Гази Баба, Долнени, Прилеп, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Тетово, како и во Штип.

„Деветмина светиниколски пожарникари со четири противпожарни возила, синоќа два и пол часа интервенирале на гаснење запалена ниска деградирана вегетација. Притоа, опожарени биле и една куќа и четири помошни простории, во село Малино. Со пожарот била зафатена површина од три декари“, наведуваат од ЦУК.

Дванаесет велешки пожарникари со шест противпожарни возила три аса интервенирале на запалена ниска деградирана вегетација. Во пожарот биле зафатени и два стари – напуштени, воени магицина, во велешката населба Речани, зад хотелот Монтенегро. Зафатена била површина од 10 хектари ниска вегетација. Заради силниот ветар, постоела опасност за куќите на работ од населбата. ЦУК ја следеше ситуација за евентуално да координира помош од други градови. Но, пожарникарите ги одбранија куќите од пожарот, што заради силниот ветар, беше многу разгорен и со променлив правец на тој простор од 10 хектари“, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ