четврток, 25 јули 2024

Издавањето лични документи е повторно во хаос, вели министерот Тошковски

Повторно е создаден хаос во издавњето лични документи, потребни се интензивни мерки со цел за краток период да се нормализира работата и секој граѓанин да може документ да извади во достоинствена постапка, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој на првиот работен ден како министер ги посети пунктовите за издавање лични документи во зградата на МРТ и во полициската станица Пролет.

Објавено на

часот

Сподели

„Многу ми е жал што морам да констатирам дека состојбата со издавањето на лични документи не е онаква каква што ја оставивме, односно во овие три недели откако ја напуштив позицијата министер за внатрешни работи во техничката Влада, наместо да е направен исчекор напред, повторно е создаден хаос, работат помал број на шалтери и бројот на луѓе кои чекаат е зголемен“, вели Тошковски.

Министерот најави дека ќе се преземат интензивни мерки за краток временски рок за секој граѓанин да го може да го извади својот документ во една достоинствена постапка.

„Министерството за внатрешни работи е сервис на граѓаните и во тој контекст управните служби се една од клучните области и затоа во наредниот период ќе преземеме интензивни мерки со цел за краток временски период да ја нормализираме работата и секој граѓанин да може својот документ да го извади во една достоинствена постапка и во разумен временски рок“, порача министерот Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ