сабота, 23 ноември 2024

Избори во северниот дел на Косово и Метохија без учество на српските партии

Објавено на

часот

Сподели

Избори за градоначалници денеска ќе се одржат во четири општини на северот на Косово каде живеат мнозинство Срби, а во Лепосавиќ и Звечан ќе се избираат и советници на општинските собранија.

Изборите ги организираат властите во Приштина, откако српските градоначалници во косовскиот систем поднесоа оставки од тие функции поради барањето на Приштина табличките издадени од Министерството за внатрешни работи на Србија со имињата на градовите во Косово да се заменат со табличките РКС издадени од Приштина.

Градоначалниците на северна Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток од редовите на Српската листа поднесоа оставки на почетокот на ноември 2022 година.

Вонредните локални избори првично беа закажани за декември минатата година, но беа откажани поради зголемените тензии во северниот дел на Косово.

Српската листа, која ја поддржува и официјален Белград, ги бојкотира изборите а бојкотот го прифатија и други помали партии, но и групи граѓани.

Десет кандидати ќе се натпреваруваат за четири градоначалнички места на северот на Косово, од кои само еден кандидат доаѓа од српската заедница.

Според податоците на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), за градоначалници на општините на северот на Косово може да гласаат 45.095 гласачи, а за советниците на општините Лепосавиќ и Звечан 20.314 гласачи.

Изборите ќе ги следат 357 набљудувачи – претставници на 31 организација, кои ќе ги набљудуваат и процедурите по затворањето на избирачките места.

За следење на изборите беа акредитирани и 170 претставници на домашни и меѓународни медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ