Ивановски за противник го имаше далеку подобро рангираниот Хрват, Дино Призмиќ кој е на 295. место на АТП листата. Поддршката од публиката не му помогна на македонскиот тенисер да направи изненадување.
Хрватот го доби мечот со 6-4 и 6-1 и се пласираше во следното коло на силниот турнир во Скопје кој има награден фонд од 80.000 долари.