сабота, 19 октомври 2024

Иуте за првите шест месеци од годинава – пораст на бројот на корисници, на кредитното портфолио и приходи од 53,6 милиони евра

Групацијата Иуте-Талин под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави резултатите од шесте месеци работење од тековната година. Податоците покажуваат континуиран раст и покрај сите макро-економски предизвици, пораст на  клиентската база  и значително пораснато кредитно портфолио. Со нето добивка од 4,1 милион евра и вкупен приход од 53,6 милиони евра кој бележи пораст од 3,4% споредено со истиот период лани, групацијата Иуте продолжува со стабилниот растот во сите сегменти на работењето. Исто така, консолидираниот биланс на групата се зголеми за 5,5% изнесувајќи 396,5 милиони евра, додека капиталот се зголеми за 8,8% и истиот изнесува 69,4 милиони евра на крајот на првото полугодие.

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата остана доследна на својата мисија, визија и определба за ставање фокус исклучиво на квалитет и подобрено корисничко искуство, идентично како и инвестирање на дел од добивката во нови технологии, дигитална трансформација и регрутација на талентиран кадар кој ќе се носи со новите позитивни промени на долг рок. На овој начин, со оваа динамика и стратешка поставеност, годишните таргети се сосема остварливи.

„Огромно е задоволството кога гледаме дека нашата стратегија базирана на квалитет ни донесе и успешни мерливи резултати, особено кога станува збор за нови корисници и број на трансакции. Вкупното групациско нето портфолио порасна на 265 милиони евра, со 14,4% раст споредено со крајот на минатата година, што е во линија со поставените цели за достигнување на 300 милиони евра до крајот на годината. Енергбанк исто така забележа пораст на кредитното портфолио за 14 милиони евра, што е за 21% зголемување споредено со крајот на минатата година. Дополнително, небанкарското кредитно портфолио се зголеми за 18 милиони евра, односно порасна за 10% споредено со минатата година. Во втората половина на годината ќе се фокусираме на подобрување на профитабилноста и оперативно реструктуирање на Енергнанк, со што се очекува целосно исполнување на поставените цели и дополнителен пораст на корисничката база”, објасни Тармо Силд, извршен директор на групацијата.

Целиот сумиран преглед на резултати е достапен тука.

Иуте Македонија неодамна доби и лиценца за осигурително-брокерски услуги и ќе продолжи да биде лидер во подигнување на стандардите на финансиската индустрија.

Како дел од Иуте Естонија, во изминатите 7 години постоење Иуте Македонија обезбеди пристап до финасии во износ од над 180 милиони евра на 130.000 клиенти. Со навршувањето на првиот семестар од 2024, клиентската база брои 25.000 клиенти, активното квалитетно кредитно портфолио на компанијата изнесува 29 милиони евра, додека приходите на друштвото 10,3 милиони евра.

Групацијата Иуте како водечка финтек групација во Европа со 15 години постоење е специјализирана во полето на лични финансии, платежни услуги, банкарство и осигурување, со свои подружници во Албанија, Бугарија, Молдавија и Македонија.

Комерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ