недела, 24 ноември 2024

Итно да проработи порталот „Отворени финансии“, бара Платформата на граѓански организации

Од јуни годинава нема нови податоци на порталот „Отворени финансии“, забележува Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и ја повика власта под итно да биде ставен во функција порталот во отворен формат со слободен пристап до податоците. Платформата силно го осудува оневозможениот пристап.

Објавено на

часот

Сподели

Порталот „Отворени финансии“ на кој се објавуваат податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на државата последен пат е ажуриран на 17 јуни 2024 година, велат од Платформата.

„Согласно преземените обврски во рамки на Партнерството за отворена власт и досегашната пракса, податоците на порталот се ажурираат два пати во текот на месецот, што значи дека повеќе од два месеци порталот не ја извршува својата функција. За потсетување, воведувањето на порталот  ‘Отворени финансии’ е една од најзначајните реформи со кои се унапредува проактивната транспарентност на државните институции. Како дел од Партнерството за отворена власт, оваа активност беше оценета како заложба со амбициозен дизајн и успешна имплементација која воведе исклучителни промени во институционалните практики“, се вели во реакцијата.

Платформата ја потсетува Владата дека во предизборието беше ветено дека ќе се зголеми бројот на отворени податоци и нивно ажурирање.

„Со сегашната состојба на ‘Отворени финансии“, Платформата стравува дека процесот се движи во спротивна насока“, се вели во реакацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ