четврток, 24 октомври 2024

Итен состанок на Комисијата за помилување кај претседателката Сиљановска

Вечерва се одржа итен состанок на членовите на Комисијата за помилување со претседателката Гордана Сиљановска Давкова во претседателската вила на Водно. Средбата доаѓа по реакциите во јавноста откако пред два дена претседателката Сиљановска потпиша решение за помилување на 10 лица по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.

Објавено на

часот

Сподели

Акиф Равмановски еден од водачите на криминалната група Барон од Арачиново денеска беше приведен од МВР поради истрага за убиство во обид. Тој денеска беше пуштен од затворот Идризово каде издржуваше казна од 1 година и три месеци заради нелегално поседување на оружје бидејќи беше помилуван од претседателката Сиљановска Давкова и казната беше заменета со условна. По пуштањето тој е веднаш уапсен.

Равмановски се сомничи за обид за убиство во инцидент кој се случи пред десетина дена во скопски Чаир каде беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец, инаку баран со меѓународна потерница.

Членови на Комисијата велат дека се изненадени од жестината на реакцијата во јавноста и дека нивната работам според законот, е да помилуваат криминалци, а не студенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ