петок, 18 октомври 2024

Италијанската премиерка: Нелегалниот прилив на мигранти им штети на сите на Медитеранот

Објавено на

часот

Сподели

Обидувајќи се да ја ублажи својата претходна тврдокорна реторика, Мелони на меѓународна конференција во Рим рече дека нејзината влада е отворена да прими поголем број мигранти, но преку легални канали, бидејќи „и на Европа и на Италија им е потребна имиграција“.

Таа нагласи дека треба да се направи повеќе за да се спречат мигрантите да се обидат да ја минат опасната медитеранска рута преку илегални рути.

„Масовната илегална имиграција ни штети на сите нас. Никој нема корист од тоа, освен криминалните групи кои се збогатуваат на сметка на најранливите и ја користат својата моќ дури и против владите“, рече таа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја повтори и ја истакна изјавата на Џорџа Мелони за легалните патишта за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. ЕУ и Тунис, главната појдовна точка за мигрантите, потпишаа договор за „стратешко партнерство“ минатата недела, кој вклучува и клаузула за борба против трговците со луѓе и за заострување на граничните мерки.

Европа му вети на Тунис, чија економија е во лоша состојба, помош во износ од една милијарда евра, а дополнителни 100 милиони евра се наменети за борба против илегалната миграција.

„Сакаме нашиот договор со Тунис да стане образец. План за идните партнерства со другите земји во регионот“, рече Фон дер Лејен на конференцијата.

И папата Франциско, обраќајќи им се на верниците и туристите собрани на плоштадот Свети Петар во неделата, ги повика европските и африканските влади да им помогнат на мигрантите заробени во пустинските области на Северна Африка и да гарантираат дека Медитеранот никогаш повеќе нема да биде „сцена на смрт“ за сите оние кои се обидуваат да ја поминат медитеранската рута.

Домаќинот на конференцијата, Италија, постојано се бори со бројните илегални мигранти кои стигнуваат до италијанските брегови во прифатните центри како што е најјужниот италијански остров Лампедуза. Во исто време, населението на Италија старее, а бројот на раѓања се намалува, па дополнителна работна сила би била корисна за да ѝ помогне на економијата на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ