сабота, 19 октомври 2024

Италија работи на излегување од кинеската иницијатива „Појас и пат“

Објавено на

часот

Сподели

Според него, таа иницијатива малку придонела за зголемување на италијанскиот извоз, па Кина е единствениот добитник, пренесе Би-би-си.

Пекинг претходно оцени дека двете земји виделе „плодни резултати“ од иницијативата.

Италија е единствената развиена економија која се приклучи на иницијативата „Појас и пат“ во 2019 година, што беше критикувано од нејзините западни сојузници.

Глобалната инвестициска иницијатива „Појас и пат“ предвидува дополнително поврзување на Кина и Европа преку реконструкција на старата трговска рута Патот на свилата.

Според иницијативата, Кина обезбедува финансирање на големи инфраструктурни проекти ширум светот во обид да го забрза пристигнувањето на своите стоки на пазарите.

Критичарите ја гледаат кинеската иницијатива како алатка за проширување на влијанието. И ЕУ и САД изразија загриженост кога Италија одлучи да се приклучи пред четири години.

„Одлуката да се приклучи на новиот Пат на свилата беше импровизиран и ужасен чин“ кој го зголеми кинескиот извоз во Италија без да има ист ефект врз италијанскиот извоз во Кина, изјави Кросето за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Министерот рече дека Италија сега треба да работи на тоа како да излезе од иницијативата без да ги наруши односите со Пекинг бидејќи „Кина е конкурент, но и партнер“.

Од мај во Италија се водат дискусии за тоа дали Италија треба да остане во иницијативата Појас и пат. Премиерката Џорџа Мелони тогаш рече дека сака да разговара со Пекинг за можно повлекување од иницијативата.

Доколку Италија не поднесе официјално барање за напуштање на Појас и пат до декември, нејзиното членство автоматски ќе се обнови во март 2024 година.

Кинескиот министер за надворешни работи претходно изјави дека верува оти „Кина и Италија треба дополнително да го истражат потенцијалот за соработка“ во Појас и пат и „да ја зајакнат заемно корисната соработка за да постигнат поплодни резултати“.

Пекинг започна дипломатска кампања во мај, испраќајќи високи функционери во Италија за да се обидат да го убедат Рим да го обнови договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ