петок, 25 октомври 2024

Италија му изрече милионска казна на сопственикот на Фејсбук и Инстаграм

Италијанскиот регулатор за пазарна конкуренција (АГЦМ) објави дека Мета е казнета со 3,5 милиони евра поради неуспехот да управува со корисничките сметки на Фејсбук и Инстаграм, наведувајќи го собирањето лични податоци за комерцијални цели и нејасни информации за можноста за оспорување на суспензијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Инстаграм веднаш не ги информираше корисниците дека ќе ги собира нивните лични податоци за комерцијални цели, објасни регулаторот во соопштението објавено вчера.

Мета не прецизираше дали одлуките за суспендирање на корисничките сметки на Инстаграм и Фејсбук ги носи врз основа на автоматизирана или „човечка“ анализа, нагласи АГЦМ, додавајќи дека корисниците не добиле информации за можноста за поднесување жалби. Тоа значи дека не знаеле дали треба да поднесат приговор до судија или до „вонсудско тело за решавање спорови“, објаснуваат регулаторите, забележувајќи го и краткиот рок од 30 дена за поднесување приговори.

Компанијата ја суспендираше спорната практика за време на процесот на регулаторната ревизија, додаваат регулаторите.

Мета истакна дека воведе промени за италијанските корисници во август минатата година.

„Уште појасно наведовме како ги користиме податоците за прикажување персонализирани реклами на Инстаграм и им понудивме на корисниците дополнителни информации и опции за поднесување приговор за можното суспендирање на сметката“, рече портпарол на компанијата.

„Не се согласуваме со одлуката на АГЦМ и ги проучуваме можните мерки“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ