вторник, 22 октомври 2024
Средба Костадиновски-Силвестри

Италија ќе се заложи за унапредување на уставното судство во Македонија

Испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на ММакедонија и Италија, била во фокусот на разговорите на денешната работна средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судијата, проф. д-р Ана Павловска-Данева со амбасадорот на Република Италија, Адреа Силвестри.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Уставниот суд, претседателот д-р Костадиновски го информирал амбасадорот Силвестри за приоритетите во неговиот мандат, а како што изјави претходно тоа е враќањето на довербата на граѓаните во Уставниот суд и во правната држава.

За негово реализирање Костадиновски рече дека се потребни неколку чекори или предизвици. Првиот ќе биде бескомпромисноста во обезбедувањето на самојстојноста и независноста на Уставниот суд, а вториот неговата бескомпромисност во спречување на обидите за каква било политичка или каква било друга форма на влијание врз Судот и уставните судии. Друг приоритет на Костадиновски ќе биде како што го нарече тој судскиот активизам односно покренување на предмети од страна на судиите по сопствена иницијатива.

Амбадсадорот Силвестри, се наведува во соопштението, пројавил интерес за прашањата поврзани со обезбедувањето на независноста и самостојноста на Судот, како и за транспарентноста и отвореноста на Уставниот суд.

„На средбата беа разменети мислења на теми поврзани со реформирање на правосудниот систем, при што судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и д-р Костадиновски изразија надеж дека реформскиот процес во сферата на правосудството ќе се одвива во согласност со Уставот и во рамките на уставните принципи“, се додава во соопштението.

Амбасадорот Силвестри изразил поддршка за најавените приоритети и најавил дека лично ќе се заложи за унапредување на билатералните односи во полето на уставното судство и подобрување на севкупната соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ