среда, 25 септември 2024

Истрели на канцеларијата на кампањата на Камала Харис во Аризона

Американската полиција соопшти дека на канцеларијата на кампањата на американската потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис во Аризона, само една недела по вториот атентат на републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Штетата предизвикана од неколку истрели испукани од огнено оружје по полноќ во понеделникот била откриена во канцелариите на Демократскиот национален комитет во населбата Темпа во Феникс, соопшти локалната полиција, а пренесува Њујорк пост.

„Никој не беше во канцелариите во текот на ноќта, но тоа предизвикува загриженост за безбедноста на оние кои работат во таа зграда, како и на оние во близина“, рече портпаролот на полицијата Рајан Кук.

Тој потврди дека полициските инспектори ги анализираат доказите собрани на местото на настанот и дека се преземени дополнителни мерки за подобрување на безбедноста на персоналот и другите луѓе кои работат и живеат во областа.

Според него, засега никој не е уапсен во врска со овој инцидент, но властите ги истражуваат сите можни мотиви.

Инцидентот уследи по вториот атентат на Трамп на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич на 15 септември.

Камала Харис за петок закажа посета на Аризона како дел од својата кампања, а тоа треба да биде нејзина втора посета на оваа важна американска држава откако беше номинирана за кандидат на претседателските избори во август на Демократската национална конвенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ