вторник, 22 октомври 2024

Истрага против скопјанец кој пукал од возило и насилно се однесувал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил марка ауди неовластено држел огнено оружје пиштол марка аг-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници извршиле претрес во автомобилот и го пронашле оружјето, откако претходно истиот ден осомничениот го вперил пиштолот кон три лица и испукал еден куршум во воздух пред зградата во која живее, а еден од оштетените и го удрил со шлаканица по лицето.

Истрага е поведена поради основано сомнение дека со тоа сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, а против осомничениот ќе се води и скратена постапка за кривично дело – насилство од член 386 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ