вторник, 22 октомври 2024

Истрага против прилепчанец кој ги обљубувал ќерките, осомничена е и мајката

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж од прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела силување дете кое не наполнило 15 години и родосквернавење. Истрага е поведена и против мајката на децата, која е осомничена за кривично дело запуштање и малтретирање на дете.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 2021 до 2023 година, во повеќе наврати, осомничениот во својот дом вршел полови дејствија врз неговите три ќерки, родени 2008, 2010 и 2014 година, кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.

„Истрага е поведена и против мајката на децата, која е осомничена за кривично дело запуштање и малтретирање на дете. Делото го сторила со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување и ги запуштила своите ќерки, кои и кажале дека таткото врши полови дејствија и обљуба врз нив, а таа ги убедувала дека е срамота да пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. Со тоа допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита. На 27 јуни, едно од девојчињата се охрабрило и го пријавило таткото во полиција“, информираа од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата родители и иницирал соодветно згрижување на децата од семејството преку надлежните служби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ