вторник, 22 октомври 2024

Историска победа за Алкалоид, Ла Риоха падна во Скопје

Во последното коло, Алкалоид дојде до првата европска победа во својата историја откако со 28-27 го совлада тимот на Ла Риоха во СЦ „Јане Сандански“.
 

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид конечно се израдува на европски триумф, македонскиот тим ја совлада шпанската Ла Риоха и на убав начин го заврши својот деби настап во Европа.

Почетокот на мечот беше рамноправен, но Ла Риоха со неколку гола во серија успеа да се одлепи и да поведе со 10-5. Следуваше период на Алкалоид, македонскиот тим направи серија од 7-2, го сврте резултатот во своја полза. На полувремето нашиот тим водеше со 15-13.

Момците на Кире Лазаров имаа одличен старт на второто полувреме, брзо дојдоа до предност од четири разлика, но неколку исклучувања во серија ја вратија Ла Риоха во игра по што следуваше драматична и неизвесна завршница на мечот во која Алкалоид излезе како победник, конечниот резултат беше 28-27.

Убедливо најдобар во тимот на Алкалоид беше Марко Митев со 10 голови, втор стрелец беше Џонов со пет погодоци, кај Ла Риоха најдобар беше Заја со осум голови, Алвес постигна шест.

Ова беше последниот меч за Алкалоид на европска сцена за оваа година, тимот на Кире Лазаров сега ќе се фокусира на домашните обврски кои особено ќе се интензивираат по крајот на Европското првенство кое се игра во јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ