вторник, 23 јули 2024

Истекува мандатот на амбасадорот Јан Коп, Гаши го прими на проштална средба

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денска оствари проштална средба со досегашниот амбасадор на Холандија во земјава Дирк Јан Коп, кому му се заблагодарил за придонесот за земјава во изминатиот период, а особено за поддршката од Холандија за спроведување на реформите, особено во делот на владеењето на правото, како и во сите други сфери од општествениот живот и демократските процеси.

Објавено на

часот

Сподели

„Честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, амбасадорот Јан Хоп му посака на Гаши успешна работа и продолжување со процесите во насока на интегрирање на нашата земја во Европската Унија“, се вели во денешното соопштение од собраниската прес-служба.

Претседателот Гаши и амбасадорот Јан Коп разговарале и за можностите за продолжување на реформите во делот на владеењето на правото, преку создавање законска инфраструктура во Парламентот, како основа за јакнење на капацитетите и довербата во правосудството.

Минатата година Холандија стави во мирување проект во врска со зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспрарентноста на Судскиот совет кој старуваше во 2020 година. Тогаш Јан Коп упати остри и сериозни критики кон правосудните органи во Македонија.

„Гледаме знаци на политичко влијание кај изборот на Обвинителството за организиран криминал, гледаме знаци на политичко влијание во изборот на кандидати во Академијата на судии и јавни обвинители. Гледаме знаци на политичко влијание практично во сите судови, и да, тоа е многу загрижувачко, се натрупува едно по друго и дозволете да ве потсетам дека во февруари 2020 година, кога Парламентот донесе закон со кој гарантираше процесуирање на случаите на СЈО, случаите со масовното преслушување и тоа беше единствениот настан што направи мојата земја да се согласи за членство на Северна Македонија во ЕУ, а потоа и Советот на ЕУ се согласи со тоа во март 2020 година. Тоа е централно прашање и го следиме внимателно“, изјави тогаш амбасадорот.

Неколку месеци подоцна, во октомври 2023 година, во рамки на втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“, Јан Коп побара одговор од македонските власти каде завршуваат парите на даночние обврзници на Холандија кои оваа земја ги дава во Македонија за унапредување на реформите.

„Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската Унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?“, праша холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, в

Јан Коп, кој „без ракавици“ ги критикуваше негативните појави во македонското општество и особено лошите состојби во судството и влијанието врз него, во јануари годинава објави дека бил кај лидерот на ДУИ Али Ахмети и му рекол дека Холандија остро ќе реагира поради политикото влијание врз претседателката на Врховниот суд, Весна Дамева.

По ова, холандскиот амбасадор се сретна и со Дамева на која средба, како што соопштија тогаш од Судскиот совет, амбасадорот ја поздравил одлуката за враќање на Дамева на чело на Советот, а било разговарано и за можностите да се продолжи со проектот финансиран од холандската Влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ