вторник, 22 октомври 2024

Исламски џихад изврши артилериски напад врз Израел од Газа

Израелската војска соопшти денеска дека од јужниот дел на Појасот Газа кон израелска територија е истрелан салво од 20 проектили во напад за кој одговорноста ја презеде вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 20 проектили се идентификувани дека доаѓаат од секторот Кан Јунис. Одреден број проектили беа пресретнати, а други паднаа на југот на Израел“, соопшти израелската војска.

Војската додаде дека нема повредени, а возвратила со артилериски оган на територијата од каде што биле истрелани ракетите.

Бригадите Ал Кудс, вооруженото крило на Исламскиот џихад, соопштија дека извршиле концентриран ракетен напад врз израелските позиции околу Појасот Газа како „одговор на злосторствата на ционистичкиот непријател“ врз палестинскиот народ.

Исламски џихад се бори заедно со Хамас во Појасот Газа против израелската војска од 7 октомври.

Тогаш Хамас изврши напад врз Израел во кој беа убиени 1.195 луѓе. Како одговор на тој напад, Израел започна голема офанзива на Појасот Газа во која досега загинаа 37.877 Палестинци, според Министерството за здравство на Хамас, кое е на власт во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ